Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот капитен Стефан Ристовски даде интервју за хрватски „Јутарњи“ и зборуваше за ситуацијата во фудбалот во Македонија.
Ристовски вели дека македонскиот клупски фудбал е на лошо ниво, односно кажа дека фудбалот кај нас е „колку пари, толку музика“.
„Фудбалот во Македонија не е добар, би кажал колку пари – толку музика. Денес фудбалот е бизнис, а во Македонија стагнира инфраструктурата“, кажа Ристовски.
Ристовски зборуваше и за Вардар, кој пред неколку години се избори за место во групната фаза во Лига Европа.
„Вардар пред неколку години се избори за место во групната фаза на Лига Европа, а денес е во втора лига и жал ми е поради тоа“, вели капитенот на Македонија.