Ривер Плејт се збогуваше со нивниот најголем непријател – Марадона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Армандо Марадона денеска го напушти светот на 60-годишна возраст, откако доживеа срцев удар, и тоа само неколку денови откако правеше операција на главата.

Преку социјалните мрежи сите се збогуваат со аргентинската легенда, а во центар на внимание беше објавата на аргентинскиот гигант Ривер плејт.

Марадона беше голем навивач на Бока јуниорс, а го носеше и нивниот дрес со голем успех, па за Ривер беше голем непријател во фудбалот. Сепак, тие решија да се збогуваат со нивниот поранешен ривал.

„Збогум Диего“ – напишаа од Ривер.