До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Познатиот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, жестоко го критикуваше Мајкл Керик по поразот од Лидс.
Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин се фокусираше на играта на Јунајтед и вели дека таа е под секој просек.
Кин и до сега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Керик, така што изгледа дека едвај чекаше повторно да го нападне.
„Како што зборував порано и ќе продолжам да зборувам – Керик не е вистинскиот човек за оваа работа. Луѓето мислат дека сум премногу строг, дека го кажувам сето тоа од некои други причини, но што уште е потребно да го видат тоа и самите? Имале 24 дена за да се подготват за натпреварот на “Олд Трафорд” против Лидс и тоа им беше играта? Средниот ред не постоеше, особено во првото полувреме, играа без енергија и интензитет. Кога така лошо започнете натпревар, подоцна е потешко тимот да се крене и да се опорави. Јунајтед не делуваше како тим кој знае што треба да направи и да одговори на тоа. И кога го кажувам тоа гласно, луѓето ми одговараат дека сум негативен. Не, јас само ја зборувам вистината. Овој клуб бара стандарди, а во моментот, тие стандарди се далеку под Мајкл Керик”, рече Кин.
















