Арјен Робен во интензивни преговори со европски клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува германскиот медиум „Билд“, Арјен Робен во моментов врши интензивни преговори со тимот на Бенфика.

Искусниот крилен фудбалер би требало да се пресели во Португалија во летниот преоден рок откако стана јасно дека ќе си замине од Баерн Минхен како слободен агент.

35 годишниот Арјен Робен по цели десет години ќе си замине од клубот во кој остави траен белег.

Покај Робен, од Баерн Минхен ќе си замине уште една легенда, Френк Рибери кој заедно со холандскиот играч формираа неверојатно убиствен тандем.