Роберт Просинечки ќе биде нов селектор на Македонија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија се пласираше на Европското првенство во фудбал, кое ќе се одржи следната година, а според српските медиуми Игор Ангеловски, кој испиша историја со репрезентативците, нема да остане на селекторската позиција.

Српски „Курир“ пишува дека Роберт Просинечки е кандидат за селектор на Македонија и наскоро ќе биде потврдена соработката со него.

Од друга страна, Просинечки остана без работа откако на крајот ан ноември доби отказ од турски Денизлиспор по серијата лоши резултати, а тоа кулминираше со пораз во турскиот Куп од третолигашот Тургутлуспор.

Засега нема информации од Македонија дали Ангеловски ќе ја напушти селекторската позиција, иако преговараа со раководството на ФФМ за нов договор.