Роџерс го „олади“ Челси: Немаме намера да го продаваме

Тренерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс  даде коментар за можниот трансфер на Бен Чилвел во Челси.

Чилвел долго време се поврзува со трансфер во клубот од Лондон, а тренерот на Челси, Френк Лампард во една прилика одби да негира дека неговиот тим е заинтересиран за играчот.

Сепак, тренерот на Лестер, Роџерс изјави дека тие се прилично релаксирани околу сите шпекулации и откри дека клубот не планира да го продава.

„Не сум сигурен дека ќе си оди. Тој е гирач на Лестер и јас сум прилично релаксиран за тоа. Воопшто не сум загрижен.

Имаме фантастичен состав кој сакаме да го задржиме заедно. Немаме намерад а го продаваме Бен Чилвел и апсолутно не треба да продаваме. Пораката е- Тој не е на продажба“ –изјави Роџерс.