Роџерс носи фудбалер од Ливерпул во Лестер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс ги прави плановите за изгледот на својот тим следната сезона.

Според „Сан“, Брендан Роџерс во своите редови планира да го донесе напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ.

Напаѓачот кој е склон на повреди оваа сезона има само 15 настапи во Премиер лигата на кои постигна скромни два погодоци.

Сепак, неговиот рекорд од 50 погодоци на 113 средби во Премиер лигата не остана незабележан од неговиот поранешен тренер.