Роџерс со јасен одговор на прашањето за Лигата на шампионите: Ние сакаме во ЛШ, но клуб како Манчестер Јунајтед…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите очи на англиските љубители на фудбалот ќе бидат вперени кон „Кинг Пауер Стадионот“ каде ќе се сретнат Лестер и Манчестер Јунајтед во директна средба за пласман во Лигата на шампионите.

„Лисиците“ веќе беа видени во првите четири на табелата, но лошите резултати во пост ковид фудбалот ги паднаа на петтата позиција, па сега се освен победа против Јунајтед за нив ќе значи губење на местата во првите четири екипи.

Роџерс најави дека клуб како Манчестер Јунајтед мора да игра во Лигата на шампионите, додека Лестер сака да се пласира во ова натпреварување.

„Постои разлика меѓу двата тима. Ние сакаме да сме во Лигата на шампионите, но клуб како Манчестер Јунајтед има потреба да биде во Лигата на шампионите. Ние тоа го сакаме, но и ако не успееме и натаму ова за нас би била навистина добра сезона“ –изјави Роџерс.