Роџерс застана во одбрана на Солскјер: Тоа е непочит, како ме прашувате такво нешто?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс ги отфрли шпекулациите дека ќе го преземе Манчестер јунајтед и кажа дека така се покажува непочит кон Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот со месеци наназад е на удар на критики, кои се засилени по двата катастрофални порази на тимот од Ливерпул (0-5) и Манчестер сити (0-2).

Стратегот на „лисиците“ им даде одговор на новинарите кои ги интересираше дали ќе го преземе премиерлигашот.

„Постојат две работи. Прво, навистина е непочит да поставувате вакво прашање додека имате актуелен тренер, добар менаџер и добар човек, кој работи за клуб каков што е Манчестер јунајтед. Второ, не можам да коментирам нешто што не е вистина“, вели Роџерс.