Родриго ќе биде жртва поради доаѓањето на Мбапе – премногу е добар за да ја „грее“ клупата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе ова лето ќе потпише за Реал Мадрид, освен ако не се случи чудо, а поради тоа ќе мора да си замине некој од актуелните ѕвезди на клубот.

Родриго е еден од фудбалерите кои би можеле да заминат затоа што Бразилецот игра одлично и не сака да ја „грее“ клупата за резерви.

„Кадена Сер“ пишува дека Арсенал е заинтересиран за потписот на Родриго, па ќе се обиде летово да постигне договор со Реал Мадрид.

За потписот на Родриго е заинтересиран и Ливерпул кој смета дека Бразилецот е вистински наследник на Мохамед Салах.

Цената на Родриго на трансфер-маркетот во моментов е 100 милиони евра, па Реал сигурно не би прифатил помалку пари.