Родриго му се доверил на Винисиус: Сакам да се борам со Мбапе за место во Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот Родриго разговарал со сонародникот и соиграч од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и му кажал дека сака да остане во шпанскиот гигант без разлика на тоа дали ќе дојде Килијан Мбапе.

Многумина сметаат дека Родриго ќе биде „жртва“ по доаѓањето на Мбапе, но бразилскиот фудбалер вели дека може да се избори за место во тимот.

„Сакам да останам и да с еборам за позиција со Мбапе и Ендрик. Ако бидам најдобар, Анчелоти нема да има избор. Немам намера да заминам, тоа не е решение“, кажал Родриго.

Во претходните денови се шпекулираше дека Родриго ќе се пресели во Манчестер јунајтед за 120 милиони евра.