Родриго живее во пекол по караницата со Меси (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго си нема мир од навивачите по неговата караница со Лионел Меси за време на мечот меѓу Бразил и Аргентина.

На натпреварот на „Маракана“, Родриго имаше кратка расправија со легендарниот Аргентинец, па потоа неговите навивачи застанаа во одбрана.

Родриго не остана мирен и преку социјалните мрежи им објави „војна“ на расистите.

„Расистите не спијат. Моите социјални мрежи се полни со навреди. Ако не ја спуштиме главата, нè напаѓаат. Но за нивна несреќа, нема да запреме“, вели Родриго.