Рома ја губи битката: Интер почна преговори со Мората


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Алваро Мората се наоѓа пред враќање во Серија А и наскоро се очекува да биде потврден неговиот трансфер.

Мората ги договори личните услови со Рома, но трансферот би можел да се искомплицира затоа што во трката се вклучи и Интер.

„Нераѕурите“ бараат нов напаѓач по заминувањето на Един Џеко и Ромелу Лукаку, а директорот на Интер, Марота смета дека може да го добие потписот на Мората.

Интер е подготвен да плати и 15 милиони евра за трансферот, а Атлетико нема ништо против да го продаде шпанскиот репрезентативец.

Мората во минатото играше за Јувентус и освои две Скудета.