Рома ја состави листата за „отстрел“ – Џеко, Олсен, Шик…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома планира да направи целосна реконструкција на клубот, откако има разочарувачка сезона, па наводо тие имаат листа за отстрел, на која се наоѓаат многу фудбалери.

На листата се наоѓаат Един Џеко, Стивен Н’Зонзи, Робин Олсен, Патрик Шик, Диего Пероти, Александар Коларов и Федерико Фацио. А, постои можност да бидат продадени и Ченгиз Ундер и Костас Манолас, за да заработат пари за нови фудбалери.

Исто така се шпекулира дека капитенот Даниеле де Роси ќе оди во пензија и ќе му се приклучи на Франческо Тоти на некоја директорска позиција во клубот.

Не е позната ниту иднината на Клаудио Раниери, кој тргна многу лошо на тренерскат апозиција по смената на Еусебио ди Франческо, па јасно е дека пред Рома претстои голем ремонт.