Романо најави „бомба“: Челси нема да штеди пари за нов напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е подготвен да се бори со Челси за потписот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, но познатиот новинар Фабрицио Романо информира дека премиерлигашот е во подобра позиција во моментов

Осимен оваа сезона игра неверојатно и го предводи Наполи кон титулата во Серија А, а притоа постигна 25 гола и пет асистенции во 29 меча во сите натпреварувања.

Челси е подготвен да потроши над 120 милиони евра за Осимен, иако Наполи побара 150 милиони, па ги чекаат тешки преговори идното лето.

Премиерлигашот во меѓувреме планира да се ослободи од Ромелу Лукаку, кој се покажа како големо промашување, но исто така од екипата ќе си замине и Пјер Емерик Обамејанг, кој не се прослави во Лондон.