Романо најави важен потпис во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо најави дека Реал Мадрид наскоро ќе потпише нов договор со германскиот фудбалер Тони Крос.

Крос пред неколку дена кажа дека не знае дали ќе остане во Мадрид, но Романо најави дека Германецот сепак ќе стави потпис на едногодишна соработка.

Германскиот фудбалер пристигна во Мадрид пред 10 години од Баерн Минхен, а досега четири пати ја освои Лигата на шампиони, а беше и три пати шампион на Шпанија.