Романо тврди: Реал Мадрид доби голема битка за талентиран фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ја доби битката со останатите европски гиганти за бразилското чудо од дете, Ендрик Фелипе, а тоа го потврди и специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.

Романо е познат по тоа што ретко греши за трансфери, а сега објави дека 16-годишниот Бразилец ќе го облече дресот на „кралевите“, иако за неговите услуги беа заинтересирани и ПСЖ, Барселона и Челси.

„Кралевите“ за потписот на Ендрик ќе платат 60 милиони евра, а сумата може да се зголеми за дополнителни 12 милиони евра.

Според првите шпекулации, Ендрик ќе остане на позајмица во Палмеираш додека стане полнолетен, по што ќе се пресели во Мадрид.