„Роналдо е егоцентричен: Тој поминаше цел ден пред огледало“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо долги години е еден од најдобрите фудбалери, а поради физичкиот изглед, тој е особено популарен кај припадничките на понежниот пол.

Одличниот Португалец честопати се смета за арогантен и егоцентричен, а отворено го критикуваше Диего Форлан.

Легендарниот Уругваец ја делеше соблекувалната со Роналдо во Манчестер Јунајтед кога сегашниот фудбалер на Јувентус беше тинејџер.

„Тој беше егоцентричен во соблекувалната и не беше како Дејвид Бекам. Тој секогаш сакаше да биде покрај огледалото. Тој цел ден поминуваше пред огледало“, рече Форлан.

Роналдо и Форлан беа соиграчи во сезоната 2003/2004. Поминаа 16 години од тогаш, а во меѓувреме португалскиот ас заработи репутација како еден од најдобрите играчи на сите времиња.