Роналдо е одличен лидер на теренот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според мислењето на многумина, Кристијано Роналдо не е на нивото кое се очекува од него на ова ЕП.

Меѓутоа така не мисли селекторот на Португалија кој за Роналдо има само пофални зборови.

“Роналдо е костурот на тимот. Тој е одличен капитен, но и лидер на теренот. Тој е некој кој и е потребен на Португалија. Луѓето го осудуваат бидејќи се навикнаа да гледаат голови од него, но тој е тимски играч и тука е за да ни помогне да победуваме”- изјави селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош.

Португалија е во полуфиналето на ЕП во Франција каде што ќе игра против Велс.