Роналдо ги разочара Италијанците: Замина поради мајка му, а позира покрај базен! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џовани Коболи Џиљи, пооранешниот претседател на Јувентус, е разочаран со однесувањето на најголемата ѕвезда на клубот, која добива плата од 31 милион евра по сезона.

Поранешниот претседател на Јувентус смета дека заминувањето на Португалецот во татковината ги натерало и другите фудбалери на „Старата дама“ да го напуштат Торино во ек на пандемијата на коронавирусот.

Португалецот доби дозвола да се врати во Португалија пред да запре јавниот живот во Италија поради вирусот, а цела екипа на Јувентус беше во карантин, откако Даниеле Ругани имаше позитивен тест на Ковид-19.

„Ситуацијата во Јувентус е комплицирана поради Роналдо. Тој кажа дека оди во Португалија поради мајка му, но сега само се слика покрај базен. Кога беше направен искучок за него, работите се расипаа и другите сакаа да замиинам. Тоа не смееше да се случи, сите мораше да остсанат во карантин“, порача поранешниот претседател.