Роналдо го боли секој пораз – ѕвездата на Јуве збеснала по поразот од Верона!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Кристијано Роналдо против Верона постигна гол на десеттиот меч по ред во италијанската Серија А, но Јувентус не успеа да победи.

Роналдо постигна одличен гол во второто полувреме за водство на „Старата дама“, но домаќините успеаа да го изненадат актуелниот шампион со два погодоци.

Португалецот не ги прифаќа лесно поразите и воопшто не му е сеедно поради губењето на бодови против вакви противници.

Голманот Војчех Шчесни по мечот кажа дека најголемата ѕвезда на Јувентус била премногу лута во соблекувалната.

„Роналдо беше лут затоа што испуштивме три бода. Постигнува гол на секој меч и се труди да победиме, а ние овој пат не бевме во состојба да го направиме тоа“, порача искусниот голман.