Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенство е неговиот последен настап на најголемата фудбалска сцена.
На прес-конференција, искусниот напаѓач беше запрашан дали размислува да настапи и на следниот Мундијал, а неговиот одговор беше јасен.
„Навистина уживам на ова Светско првенство, но ова е мојот последен Мундијал. Одлуката е конечна“, изјави Роналдо.
Со оваа изјава, легендарниот Португалец стави крај на сите шпекулации околу неговото учество на идните светски шампионати.
















