Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо и Лионел Меси доминираат во светот на фудбалот повеќе од десет години, а нивното постојано натпреварување никогаш не престанува.
Роналдо вчера успеа да постигне гол од пенал против Украина која ја совлада Португалија со резултат од 2:1. Но, сигурно е дека Роналдо заекогаш ќе го памети овој натпревар бидејќи на него го постигна својот 700. погодок во својата кариера.
Секако, многумина веднаш се запрашаа што е со неговиот најголем ривал Меси. Аргентинецот ја започна професионалната кариера малку подоцна со оглед на тоа дека е две години помлад од Роналдо, но што се однесува до резултатот тие се скоро изедначени.
Имено, Роналдо во досегашната кариера во дресовите на клубовите и репрезентацијата има одиграно 974 натпревари и има постигнато 700 погодоцоци проследени со 219 асистенции.
Од друга страна, Меси во дресот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина има одиграно 828 натпревари и моментално има запишано 672 погодоци и 274 асистенции, што значи дека и од Меси можеме да очекуваме оваа сезона да стигне до бројка од 700 постигнати голови.
Расправата околу тоа кој е подобар, Меси или Роналдо трае веќе со години, но тоа е невозможно да се заклучи. Но, секако и двајцата заслужуваат голема почит после се што имаме видено од нив во светот на фудбалот овие 10 години.