Роналдо и Де Лигт се спремни за дербито во Италија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јуве и Милан во недела од 20.45 часот го играат дербито од 12. коло во Серија А, а воедно тоа е еден од најочекуваните натпревари во Европа, без обзир на тоа што Росонерите се само бледа сенка од сезоните кога важеа за еден од најдобрите клубови во светот.

Старата дама доста се мачеше со противниците оваа сезона, па во Милано се надеваат дека со некое чудо ќе можат да го изненадат актуелниот првак, но во прилог не им оди фактот дека за Јуве ќе играат и Роналдо и Де Лигт.

Португалецот доби еден удар и порано го напушти дуелот со Локомотив во Москва во средата, додека Де Лигт го пропушти ова гостување во ЛШ поради поврда.

Како што стојат работите, двајцата ќе му бидат на располагање на Маурицио Сари за дуелот со Милан во кој Јуве ќе сака да го задржи првото место.