Роналдо имал договор со газдата на Челси, но потоа му забил „нож во грб“


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Кристијано Роналдо е слободен фудбалер откако вчера Манчестер јунајтед му го раскина договорот, а сега Португалецот може да потпише за која екипа ќе посака, иако се шпекулира дека најблиску е до Челси.

Челси минатото лето сакал да го купи Роналдо, а тоа било желба на газдата Тод Боели, но поранешниот тренер Томас Тухел му ги расипа плановите.

Откако Роналдо стана слободен играч, ова опција повторно се активираше, но сепак сегашниот стратег Грем Потер разговарал со Боели и го убедил дека Роналдо ќе ја наруши атмосферата во клубот.

Ова значи дека Челси и официјално се повлекува од трката за потписот на Роналдо, кој засега нема понуди, а дел од медиумите тврдат дека тој би можел да се врати во Спортинг Лисабон.