Роналдо имал преговори со друг тим: Парите не беа проблем, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо летово сакаше да замине од Манчестер јунајтед, па имал преговори со Ал Хилал од Саудиска Арабија, а тоа го потврди претседателот на клубот.

На крајот на август се шпекулираше дека Ал Хилал е подготвен да понуди 236 милиони евра за Португалецот, но Роналдо ја одбил понудата.

„Преговаравме со Роналдо. Парите не беа проблем, Ал Хилал може да добие било која ѕвезда. Проблемот е тоа што Центарот за спортска арбитража спречи да регистрираме нови играчи. Моравме да ја одложиме финалната фаза на преговорите додека забраната не се прекине, но тоа не се случи“, вели тој.

Роналдо остана во Јунајтед, каде што засега не му оди најдобро и постои можност следното лето да замине од Манчестер.