Роналдо испрати поддршка до Волкановски (Фото)

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски во сабота ќе се соочи против Илија Топурија во рамки на УФЦ 298 настанот.

Еден од навивачите на Волкановски е и португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, кој му даде поддршка преку социјалните мрежи.

„Напред, шампионе“, напиша Роналдо на објавата на Волкановски на Инстаграм.