Роналдо избега пред да заврши мечот, Тен Хаг најави „воспитна лекција“ (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона и славеше против големиот ривал Тотенхем со 2-0 во Премиерлигата.

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо остана на клупата и не доби шанса од тренерот Ерик Тен Хаг, а тоа предизвика незадоволство кај еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Роналдо реши да си замине од теренот пред да заврши дуелот меѓу Јунајтед и Тотенхем, а ова предизвика реакции од јавноста, но и од тренерот кој кажа дека дополнително ќе разговара со Португалецот.

„Тоа ќе го решиме утре, а не денеска. Вечерва ќе ја славиме победата“, кажа Тен Хаг по триумфот.