Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентациите на Унгарија, Португалија и Исланд се пласираа во осмина финалето на ЕП.
Унгарците и Португалците во фантастичен меч одиграа без победник (3:3). Поведоа Унгарците после 19 минути со погодокот на Гера, но Нани во финишот на првито дел го израмни резултат на 1:1, што беше резултат со кој двете селекции одат понатака.
Неверојатни 10 минути во второто полувреме донесе уште три гола. Џуџак во 47 минута со прекрасно погоди 2:1, но неверојатен гол со пета на Роналдо израмну на 2:2 три минути подоцна. Радоста на Португалците траеше само пет минути. Повторно Џуџак одлично погоди за ново водство на Унгарците од 3:2. Со вториот гол на Роналдо Португалија израмну трет пат во 62 минута, а на крајот со овој резултат двете селекции ги одведе во осмина финалето.
Исланд ја победи Австрија со 2:1 и ќе игра во осмина финалето. Поведоа во 18 минута преку Бодварсон, а потоа Австријците промашија пенал, а непрецизен беше Драговиќ. Сепак, преку Шоф во продолжението дојдоа до гол за 1:1, но до крајот не успееја да постигнат гол кој ќе ги одведе во втората фаза од натпреварувањето. Затоа Исланд во судиското продолжение преку Траустасон дојде до победа.