Роналдо ќе потпише договор вреден 500 милиони евра?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не си го оствари сонот да ја освои титулата на Светското првенство (СП) во Катар, откако во четвртфиналето беа елиминирани од Мароко.

Роналдо пред еден месец остана и без клуб откако Манчестер јунајтед му го раскина договорот, па сега се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата.

Како следна дестинација на Роналдо се споменува Ал Наср кој планира да му понуди договор вреден 500 милиони евра.

Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека Ал Наср очекува да падне договор со Роналдо пред крајот на 2022 година, а соработката наводно ќе била потпишана до 2025 година.