Роналдо: Многу мајки ме мразат поради фризурата на Мундијалот во 2002 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио Де Лима имаше богата кариера, а во 2002 година го предводеше составот на Бразил до титула на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.

Роналдо ги изненади сите на турнирот, откако се појави со необична фризура, а во интервју за британска телевизија кажа дека многу мајки сигурно го мразат поради неговиот потег.

Бразилецот реши да направи необична фризура за да не му зборуваат за повредата со која се соочувал пред Мундијалот, а голем дел од децата го копираа неговиот потег.

„Мајка ми ја мразеше фризурата, но и милиони други мајки, па сигурно ме мразат мене затоа што децата сакаа таква фризура. Им се извинувам“, кажа Роналдо.