Роналдо му напиша порака од срце на Нејмар: Само небото е граница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар блесна во мечот против Перу во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, па постигна хет-трик во триумфот од 4-2.

Бразилскиот ас со неговите три гола го мина Роналдо на вечната листа и сега има 64 погодоци, а пред него е само легендарниот Пеле со 77 голови.

Поради овој успех, Роналдо реши да му честита на неговиот помлад сонародник.

„Тој игра одлично, асистира, погодува, дрибла. Само небото е граница, летај дечко! Пишуваш прекрасна приказна. Комплетен е и се по зрел играч. Се носи со притисокот надвор од теренот кој понекогаш е повеќе предизвикувачки од самата топка. Кажете ми сега: Од каде дојдовме, до каде стигнавме? Кој ќе ни каже што е невозможно? Продолжи да веруваш во својот талент затоа што тоа никој не може да ти го одземе. Имаш многу рекорди кои треба да ги срушиш. Горд сум кога гледам Бразилци на врвот“, напиша Роналдо.