Роналдо на итен состанок со Тен Хаг – има само две опции!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Кристијано Роналдо неодамна направи нов проблем во Манчестер јунајтед кога пред крајот на дуелот со Тотенхем реши да го напушти стадионот, а потоа беше отпишан за дербито против Челси.

Роналдо денеска оди на состанок со тренерот Ерик Тен Хаг и има две опции, а тоа е да ги средат односите или да си замине уште во јануари.

„Атлетик“ објави дека Роналдо ќе има состанок со Тен Хаг на кој ќе разговараат за иднината на Португалецот во тимот.

Тен Хаг неколку пати повтори дека Роналдо треба да остане дел од Јунајтед, но не сака да смета на него како првотимец и тоа не му се допаѓа на португалскиот репрезентативец.

Ако двете страни не успеат да се договорат, тогаш се споменува заминување од Јунајтед уште во јануари, а засега не е познато кој ќе биде негов нов тим.