Роналдо не се спаси од суспензија – познато кога ќе дебитира за Ал Наср


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо доби суспензија од два меча затоа што му го скрши телефонот на еден навивач на Евертон, а одлуката ја потврди ФА.

Роналдо поради тоа ќе ги пропушти следните два меча на Ал Наср, а своето деби ќе го очекува на 21 јануари против Ал Итифак.

Португалецот пред неколку дена беше промовиран како најголемо засилување на екипата во историјата и се очекуваше негово деби против Ал Таи, меѓутоа тоа нема да се случи.

Роналдо потпиша две ипол годишен договор со Ал Наср, а се очекува годишно да заработува по 200 милиони евра.