Роналдо подготви тужба – бара 20 милиони евра од поранешен клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо замина во Саудиска Арабија и стана најплатен фудбалер во историјата, а веќе го одигра и првиот меч, но сега се подготвува за тужва против Јувентус.

Италијанските медиуми објавија дека Роналдо бара речиси 20 милиони евра од калчолигашот, кој требал да му ја исплати таа сума, но тоа никогаш не се случило.

„Роналдо се подготвува да си ги бара парите на Суд. За да биде полошо за Јувентус, раководството има сослушување пред Арбитражниот суд поради финансиски малверзации“, објавија медиумите од Италија.

Без сомнеж ова е нов удар за Јувентус, кој претходно мораше да го промени и раководството поради малверзациите.