Роналдо постигна повеќе голови од сите тимови кои ги тренраше Тони Пјулис за 11 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сигурно никој не би ги споменувал Кристијано Роналдо и Тони Пјулис во иста реченица, но овојпат дојде ред и за такво нешто.

Англиските медиуми направија интересно истражување, а споредба направија токму меѓу тие двајца. Португалецот игра неверојатно повеќе од десет години, додека Пјулис во тоа време водеше тимови во Премиерлигата и Чемпионшип.

Пјулис во Англија важи за тренер, кој сака напаѓачки фудбал, иако тоа не е често. Меѓутоа, кога ги споредија статистичките податоци, Роналдо и тимовите кои ги водел тренерот сите останаа без зборови.

Роналдо во претходните 11 години постигна повеќе голови, отколку што тоа им успеа на сите тимови, кои Пјулис ги предводеше во тој период.

Португалецот постигна 542 гола, а екипите на Пјулис само 521 гол во тој период.