Роналдо повторно успеа да го испровоцира гневот на португалската јавност (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во изминатата недела донираше неколку милиони евра за борба против пандемијата на коронавирус.

И покрај тоа, и покрај хуманите гестови со вчерашниот потег, Роналдо успеа да го испровоцира гневот на тамошната јавност.

Фотографите го снимија моментот како шетаат по улиците на Фуншал со Георгина Родригез и неговите деца.

Португалските власти препорачаа сите да останат во своите домови и доброволно да бидат во изолација. Кафулињата и рестораните се затворени, а задолжително е да се задржи растојание од најмалку еден метар.

Како и да е, без оглед на тоа, вчера, Роналдо и неговото семејство ги шетале децата во количка, доведувајќи го во опасност цело семејството.

Ѕвездата на Јувентус е во родниот град скоро три недели, веднаш откако неговата мајка Долорес Авеиро доживеа мозочен удар. Во меѓувреме, таа излезе од болницата. Како што стојат работите сега, искусниот фудбалер ќе остане во својата земја некое време, затоа што ситуацијата во Италија не се смирува.