Роналдо продолжи да погодува, уште 12 голови до апсолутен рекорд


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Иако кружеа гласини дека Роналдо во претходните два меча на Јувентус беше заменете поради тоа што се мачи со повреда на коленото, тој се најде во стартниот состав на Португалија за мечот против Литванија.

И самиот Роналдо порача дека е потполно спремен, а тоа го покажа на теренот.

Португалија во моментот води со 4-0, а првите два гола во првото полувреме ги постигна Роналдо.

Првиот пат погоди од белата точка, каде што и сам се избори за пенал, додека вториот гол го постигна после убава акција на неговата репрезентација.

Така Роналдо стигна до 98 голови во дресот на репрезентацијата и сега му фалат уште 12 голови да го престигне легендарниот Иранец Али Даеи, кој во дресот на својата селекција има постигнато 109 голови и кој е апсолутен рекордер по број на голови во репрезентативнот дрес.