Роналдо првпат од 2006 година не е во топ-3 стрелеци во првенството

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо во дебитантската сезона во италијанскиот шампионат стигна до четвртото место на листата на најдобри стрелци.

Португалецот постигна 21 гол во 31 меч во Серија А и првпат по 13 години не е меѓу тројцата најдобри стрелци во првенството.

Претходен пат тоа му се случи во 2005/06 во дресот на Манчестер јунајтед, за кој тогаш постигна девет голови.

Најдобар стрелец во италијанското првенство беше 36-годишниот напаѓач на Сампдорија, Фабио Кваљарела, а на второ место беше Дуван Запата со 23, додека Криштоф Пјонтек имаше 21 гол.

Инаку, Јувентус го освои трофејот во италијанскиот шампион и тоа со 11 бодови повеќе од Наполи.