Роналдо сака нов напаѓач во Јувентус до крајот на преодниот рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристиано Роналдо има желба до крајот на преодниот рок Јувентус да доведе засилување во нападот.

„Старата дама“ се обидуваше да го доведе Ромелу Лукаку и се најавуваше размена за Паоло Дибала, но Аргентинецот на крајот не се договори со Манчестер Јунајтед. Сега „Газета дело Спорт“ пишува дека Роналдо немал ништо и против Лукаку, но наводно Португалецот повеќе сака нов партнер во нападот да му биде Мауро Икарди.

Икарди има големи проблеми во Интер пропушти повеќе натпревари, а на крајот сезоната ја заврши со 29 настапи и 11 голови во Серија А.

Јувентус минатата сезона ја освои титулата во Италија, но постигна 70 голови. За споредба Наполи и Аталанта постигнаа по 74, односно 77 голови.

Со доаѓањето на Роналдо се очекуваше Јувентус да постигнува повеќе голови, меѓутоа Португалецот на 43 натпревари постигна 28 голови што е многу помалку во однос на неговите претходни сезони.

Во Јувентус сакаат да направат промени во нападот. Моис Кин веќе замина во Евертон, а на листата за заминување се Марио Манџукиќ, Паоло Дибала и Гонзало Игуаин, еден или двајца (ако некој пристигне) се очекува сигурно да го напуштат клубот.