Роналдо се надевал дека ќе добив повик од Реал Мадрид пред да потпише за Ал Наср

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија, по што кажа дека го привлекла визијата на клубот, а не парите, иако малкумина веруваат во тоа.

Роналдо сакал да се врати во Реал Мадрид и чекал повик од Флорентино Перез, кој останал на својот став и не се премислил, па Португалецот мораше да потпише за Ал Наср.

Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш се обидел да добие понуди и од ПСЖ и Спортинг Лисабон, но тие не биле заинтересирани за искусниот фудбалер.

Причина за тоа е неговата лоша полусезона во Манчестер јунајтед, како и неговото интервју со познатиот водител Пирс Морган во кој го нападна тренерот Ерик Тен Хаг.