Роналдо се враќа во бивш клуб, а се друго би било „предавство“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последните информации кои се појавија синоќа за Кристијано Роналдо е дека неговиот менаџер Жорж Мендеш кој му бара нов тим на Португалецот.

Јувентус му дозволил на Роналдо да си најде нов тим и така да заработи пари од неговиот трансфер, а со тоа и да ангажираат некој помлад фудбалер.

Мендеш преговарал со Манчестер сити, но преговорите не биле најдобри, а Роналдо во минатото кажа и дека никогаш не би играл за „граѓаните“.

Имало интерес и од ПСЖ, но тоа во моментов е нереално бидејќи парижаните го ангажираа Меси, па како последна можна дестинација за Роналдо се споменува Реал Мадрид.

Јувентус бара од Мендеш брзо да ја реши ситуацијата, па ако Роналдо се пресели во неговиот поранешен клуб, тогаш би можел да игра заедно со Килијан Мбапе бидејќи и францускиот фудбалер се поврзува со трансфер во Мадрид.