Роналдо стигна на тренингот на младите играчи, а ќе добие и казна од милион евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо одби да влезе во игра на мечот против Тотенхем во победата од 2-0 на Манчестер јунајтед и тоа го потврди тренерот Ерик Тен Хаг, кој кажа дека морало да има последици и затоа Португалецот нема да игра против Челси.

Освојувачот на пет „Златни топки“ не може да тренира со првиот тим, па се појави со младите играчи на премиерлигашот, но сепак решил да тренира индивидуално.

Британските медиуми пишуваат дека Роналдо пристигнал во тренинг-центарот во Карингот во 8.30 часот, а „Дејли Мејл“ открива дека Португалецот ќе добие казна и од милион евра поради недисциплина.

Роналдо оваа сезона е во втор план во Манчестер и досега настапи на 12 натпревари, при што постигна само два гола.