Роналдо троши богатство за да урне зграда која му пречи во убавиот поглед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо заработи многу пари во текот на кариерата, па нема проблем да даде 10 милиони евра за да урна зграда која ќе му пречи во убавиот поглед.

Португалецот купи имот на кој сака да изгради вила од 20 милиони евра, но има проблем, а тоа е зграда на голф терен која му пречи во погледот.

Англиските медиуми пишуваат дека адвокатите на Роналдо веќе испратиле понуда до сопственикот на зградата и сакаат да ја купат за 10 милиони евра.

Откако ќе го купи имотот, Роналдо планира да ја урне зградата и така да ужива во неговиот поглед од луксузната вила.