Роналдо воодушеви – Како да се радувам кога мојот брат плаче

Репрезентацијата на Португалија ја совлада Хрватска со погодокот на Кварезма во продолжението.

Искусниот напаѓач на Бешикташ ги натера да плачат фудбалерите на Хрватска, а прв кој се обиде да ги утеши беше ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Португалските медиуми му завидуваа на Роналдо што не се радувал, а Роналдо со одговорот ги воодушеви Хрватите.

„Се разбира дека сум среќен што победивме, но исто така не можев да славам бидејќи мојот брат плачеше. Моите браќа се во моето срце и мојата обрвска беше да ги утешам браќата“, изјави Роналдо.