Роналдо за 18 месеци ќе стане – тренер на Манчестер јунајтед?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо за 18 месеци ќе стане нов тренер на Манчестер јунајтед, барем така смета поранешниот тренер на Тотенхем, Тим Шервуд.

Шервуд, кој во текот на кариерата играше за неколку премиерлигаши и репрезентацијата на Англија, па сега вели дека Јунајтед ќе го отпушти Оле Гунар Солскјер доколку за година ипол не освои голем трофеј.

„Можам да го видам на клупата на Јунајтед за 18 месеци. Мислам дека ќе стане тренер во моментот кога ќе ја заврши кариерата. Тој веќе со години им дава инструкции и им помага на соиграчите од клупата. Можам да се обложам дека ќе биде тренер на Јунајтед за 18 месеци ако Солскјер нема добри резултати со тимот“, вели Шервуд.