Роналдо заплака кога го погледна видеото: „Не знам од каде ви е ова, но јас морам да го имам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во јавноста никогаш не покажувал емоции и затоа многумина го сметаат за многу арогантен, но факт е дека надвор од теренот и позади камерите е сосема различна приказна.

Португалецот неодамна даде интервју на англискиот новинар Пиерс Морган, а истото интервју ќе биде објавено во текот на утрешниот ден. Меѓутоа, ITV утринава објави инсерти од интервјуто кое сигурно е најемотивниот разговор кој го имал Роналдо со некој новинар.

Роналдо со Морган разговараше на многу различни теми и случки кои му се случиле во текот на својата кариера. Отворено разговараше и за оние лошите, а тоа најмногу се однесува за неодамнешните обвинувања кои ги доби за силување.

Меѓутоа, моментот кој го промени ова интервју беше кога Морган му покажа на Роналдо видео од неговиот татко кое едноставно го скрши на „парчиња“ и воедно играчот на Јувентус не можеше да ги сокрие своите солзи.

„Никогаш го немав видено ова видео. Неверојатно, од каде ви е ова? Незнам од каде сте го пронашле, но морам да го имам ова видео за да можам да го покажам на својата фамилија. Мојот татко не го познавав доста добро. Беше алкохоличар и никогаш немавме нормален разговор. Се чуствувам ужасно што не успеа да го дочека моите успеси и да ме види со овие трофеи кои ги имам освоено. Ме фативте во тесно. Мислев дека ќе се смееме и дека нема да биде вака емотивно. Се извинувам“, рече Роналдо.

Таткото на Роналдо, Хосе Динис Авеиро беше воен ветеран и почина во 2005. година во 53. година од својот живот. Неговиот син после тоа пет пати ја освои титулата на Лигата на Шампионите, освои пет Златни топки, Европското Првенство и Националната лига со Португалија и уште многу други, но неговиот татко не беше покрај него да ги дели тие радосни моменти и тоа е она што најмногу го боли Роналдо.