Руни го постигна еден од најубавите голови во кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на ДЦ Јунајтед победија рано утрово во натпревар против Орландо Сити на домашен терен со 1-0 во средба од МЛС лигата, а единствениот гол го постигна Вејн Руни.

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед погоди на фантастичен начин и овој погодок спаѓа помеѓу трите или четири најатрактивни голови во неговата кариера.

Тој ја затресе мрежата од околу 60 метри и тоа откако примети дека голманот беше оддалечен неколку метри од гол линијата.

Со многу прецизен и силен удар успеа да им донесе победа на својот тим.

Погледнете како изгледаше тоа.