„Росонерите“ ќе збеснат: Спалети не може да го преземе Милан поради – Интер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот тренер Лучано Спалети нема да го преземе Милан, откако не успеал да се договори со Интер за отшетата за отказот, кој го доби во мај.

Италијанските медиуми пишуваат дека Спалети барал од Интер да му бидат исплатени 5,5 милиони евра, но „нераѕурите“ му понудиле само два милиона и така договорот пропаднал.

Спалети веќе ги имаше договорено условите со Милан за да го замени Марко Џампаоло, но не сакал да остане без многу пари кои треба да ги добие од Интер.

Затоа клубот од „Сан Сиро“ мора да бара други решенија, а меѓу потенцијалните кандидати се Стефано Пиоли, Руди Гарсија и Марселињо.