Рубин Казан најави санкција за албанскиот фудбалер кој ги навреди Македонците


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот тим Рубин Казан нема да му прости на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку за скандалот по дуелот против Хрватска кога ги навредуваше Македонците и Србите.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истага против Даку, кој во меѓувреме се извини за потегот, но тоа нема да го спаси од санкција.

„Даку си дозволи да испрати навредливи пораки. Нашиот клуб ја прифаќа одговорноста за тоа што се случи. Рубин Казан е тим кој секогаш се придржува до принципите за еднаквост и категорично ги осудува сите видови на дискриминација, па против фудбалерот ќе бидат преземени дисциплински и финансиски санкции“, соопшти Рубин Казан.